Вести Македонија

Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи предизвикани од огнено оружје

Со 12,25 случаи на милион жители, Македонија е трета во Европа според стапката на смртни случаи предизвикани од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.

Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција и во Албанија.

Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.

Најниски стапки има во Велика Британија, Исланд и Норвешка.

Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.

Генерално, стапката на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска.

Повисоки стапки на вакви случаи се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од онаа во Турција.

За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.

„Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина, и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе