Вести Македонија Топ вести

Жената која ги уби сопругот и свекорот доби адвокатски тим – одбраната веќе се подготвува, сведоци доброволно се пријавуваат

Триесет и шестгодишната жена, жртва на семејно насилство, која ги уби својот сопруг и свекорот во семејната куќа во Кратово доби правна помош и адвокатска канцеларија која ќе ја застапува пробоно во случајот и на судскиот процес.

Сега осомничената стапува во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца. Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на двете деца, и често се случувало пред нивните очи.

„Се работи за многу сите жена на која сеуште има траги од критичниот ден. Сметам дека ниедно семејство не треба да го помине ова што го помина обвинетата и нејзините малолетни дечиња. Ни претстои долга правна битка“, изјави за „Телма“, адвокатот Христијан Георгиевски.

Адвокатот Георгиевски и неговиот тим веќе поднеле жалба да се замени мерката притвор. Од полицијата во Скопје Куманово и Кратово како и од центрите за социјална работа побарале комплетна документација за сите досега поднесени пријави од осомничената како и против неа. Неколку соседи веќе се пријавиле како сведоци а не откриваат дали е побарано психијатриско вештачење и дали во моментот на кривичното дело таа била физички нападната и од свекорот.

„Жалба е поднесена во законскиот рок од 24 часа за укинување на мерката притвор и замена со поблага мерка. Чекаме сеуште одговор од Основниот суд во Куманово. Сметаме дека ова треба да биде еден школски пример каде повеќегодишни жртви на семејно насилство треба да бидат целосно згрижени и обезбедени како од институциите така и да им се пружи најдобрата можна одбрана“, кажа Георгиевски.

Георгиевски смета дека правната квалификација на обвинителството – убиство со умисла е погрешна. Тој беше застапник на 75 годишниот Љубомир Митев – Дедо Љубе кој во самоодбрана застрела еден разбојник и го рани вториот кој упаднаа во неговиот дом и го малтретираа заедно со неговата неподвижна сопруга. Георгиевски смета дека овој случај по многу нешта наликува со оној на Пале Иловска во Велес. Двете обвиненија беа убиство во миг и двата судски процеси завршија со ослободителна пресуда.

„Според правната квалификација не одговара на фактичката состојба и на решителните факти во самиот случај. Остваривме директен контакт со обвинетата добивме изрични напатсвија и инструкции како да постапуваме. Ги поставивме темелите на одбраната и целокупната структура на доказниот материјал вклучувајќи ги сите средства кои стојат на располагање во нејзин најдобар интерес“, изјави адвокатот Георгиевски.  

Обвинителството во официјалното соопштение за настанот потврди дека сега осомничената била жртва на насилство а од Платформата за родова еднаквост реагираа на квалификацијата на делото сметајќи дека станува збор за самоодбрана односно институтот нужна одбрана како и фактот дека таа била жртва на насилство со години и системот не ја заштитил.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе