Вести Македонија

Скопските населби во ноќните часови се почесто влегуваат во црвена зона – воздухот загаден и тежок за дишење

Преку ден горештина, навечер загаден воздух, вака се живее деновиве во Скопје. Облаци од црн чад се формираат секоја вечер на кејот на реката Вардар. Граѓаните на Аеродром и Лисиче револтирани, формираа Фесјбук група и очекуваат решение од надлежните. Бараат да се стави крај на смрдеата и загадувањето.

  • Пријавено во Центар за управување со кризи во 1:30 по полноќ, смрди не се диши, чадот доаѓа од вардариште, тоа е депонија која се наоѓа на 200 метри од населба со 200.000 жители и баш тука и е местото, објавил еден корисник.
  • Да ве прашам сите до кога мислите вака и што искрено очекувате да се случи? Надвор смрди корне секоја вечер, тежок отров е ова и се умира не знам дали сте свесни, тешки последици остава и кај децата ваши. Не сфаќам како може да сте толку пасивни, објавил друг корисник.

Мерењата на Министерството за животна средина се јавни. Освен главниот град загадувањето изминативе вечери беше високо и во Кавадарци, Гостивар и Лисиче, па дури и Лазарополе.

Во зимскиот период надлежните објаснуваа дека загадувањето е поради греењето со дрва, но и сега е загадено иако е лето. Бројот на пријави во Инспекторатот за животна средина постојано расте, но тие надлежноста ја префрлаат кај општините.

Од Општина Гази Баба велат дека работата двосменски, меѓутоа е многу тешко да се откријат сторителите затоа што потпалувачите се побрзи од инспекторите.

„Овој проблем може да се реши само со сериозно зафаќање со проблемот. Град Скопје да ја реши депонијата на соодветен начин и да се изврши рекултивација“, вели Александра Димитриевска Аврамовска, раководител на одделение за комунална инспекција и инспекција за животна средина.

Зелената транзиција е решение за намалување на загаденоста на воздухот, а потребно е да се започне од микро, мали и средни претпријатија.

„Идентификувавме и мерки за заштеда на енергија или т.н. мерки за енегетска ефикасност се со цел да ги намалиме емисиите на стакленички гасови. Директно да придонесеме кон ублажување на климатските промени, но исто така да го намалиме и загадувањето на воздухот“, вели Бојана Станојевска Пецуровска, претседател на Центар за климатски промени.

Според извештајот на Институот за здравствени ефекти речиси 2.000 деца умираат секој ден поради загадување на воздухот. Загадениот воздух придонел за смрт на 8,1 милиони луѓе само во 2021 година.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Фатен нов див приклучок на вода во Сарај – поднесена кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе