Вести Македонија Најважни

Почина војник на Криволак- учествувал на селективниот курс за да стане армиски специјалец

На неколку километри пред крајната цел, на 25-годишниот војник му се слошило и се онесвестил. Откако паднал, лекарите кои армијата ги ангажира во Криволак за време на напорниот селективен курс за избор на нови припадници на елитната специјална единица „Волци“, почнале да му помагаат и веднаш организирале транспорт кон Неготино, потоа кон болницата во Кавадарци, за на крај да биде однесен во скопската клиника Карил. Четири и пол часа откако му се слошило, тој починал.

Од Генералштабот изразуваат длабоко сочувство за загубата на семејството на младиот војник, чиј татко и чичко исто така се припадници на АРМ. Велат дека починатиот имал уредни здравствени резултати пред да почне со тешкиот селективен курс кој трае 24 дена.

Младиот војник за време на завршниот стокилометарски марш им помагал на колегите кои поради напорот сакале да се откажат. Но, на неколку километри до крајот него му се слошило.

Од АРМ објаснуваат дека поради жешкото време, маршот бил скратен за 20 проценти, а времето за негово минување го покачиле од 20 на 30 часа.

Специјалците мора да го изведат маршот со 20 килограми товар на своите плеќи и со своето оружје.

Обуката односно селективниот курс за армиските специјалци е натјтежок тест во Македонија за припадници на безбедносните сили, а од АРМ убедуваат дека се преземени сите превентивни мерки, со постојана медицинска грижа и пунктови за одмарање и освежување на војниците на маршот.

Обвинителството отвори истрага,а обдукцијата на починатиот војник е завршена, но причината за смртта ќе се открие кога ќе завршат сите токсиколошки и био-хемиски анализи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе