Вести Македонија Топ вести

Во петокот се влошила состојбата, па се стабилизирала, во саботата починало – трагичен крај на новороденче по само 30 часа живот, родителите најавуваат тужби

Новороденче старо само 30 часа, родено во петокот напладне во Клиничката болница во Битола, почина во саботата, откако поради влошена здравена состојба е транспортирано на Клиниките во Скопје. Мајката била известена дека има проблеми со бебето неколку часа по раѓањето, а тоа е пренесено во Скопје следниот ден попладне. Родителите кои се од Ресен, обвинуваат дека болницата не интервенирала навреме.

„Што се случуваше од 19 часот во петокот, до 15 часот наредниот ден кога детето не беше во ред. Тие не организираа брз превоз за Скопје, а јас не сум информиран во ниту еден момент додека траеше транспортот јас не бев повикан како родиле да присуствувам“, вели таткото Драгољуб Китоски.

Од Клиничката болница велат дека пациентката боледувала од астма и имала неуредно контролирана бременост. Два дена пред да се јави во болница била со болки, по што е породена со царски рез во петокот, околу 12 часот. Бебето по раѓањето е аспирирано и кратко реанимирано, а потоа поставено на кислородна поддршка во инкубатор. Состојбата се стабилизирала, а така било и во саботата при утринската контрола, но неколку часа подоцна дошло до влошување.

„Во 13:25 часот истиот ден, состојбата на новороденчето нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична, а транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, се наведува во соопштението од Клиничка болница Битола.  

Телото на бебето е предадено на обдукција, а таткото најавува приватна тужба за лекарот неонатолог и за Клиничката болница во Битола, затоа што ненавремно биле преземени мерки за да се спаси животот на новороденчето.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе