Вести Македонија Топ вести

Ќе делат вода и совети, ќе мерат притисок – мобилни медицински тимови на Црвен крст ќе патролираат низ Скопје

Поради најавените пеколни температури, Црвениот крст на град Скопје изготви акционен план што опфаќа теренски активности во насока на справување со топлотните бранови.

„Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе се дистрибуира вода, флаери со совети, ќе се мери притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи, ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето“, се наведува во соопштението на Црвен крст на Град Скопје. 

За активностите во наредниот период, како што е најавено, ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, а шест возила ќе патролираат низ градот.

Денеска, утре и в петок, планирано е шест мобилни тимови да излезат на терен и во периодот од 11 до 16 часот, да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжат согласно прогнозите за високите температури.

„Планот ја опфаќа и грижата за здравствената и психо-физичката состојба на бездомниците во градот Скопје. Во пунктот за бездомници во Момин Поток на располагање ќе биде мобилниот телефон  071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран. Оваа година, активностите се поддржани од Државна лотарија“, пишува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе