Вести Македонија Топ вести

Таравари во „Топ тема“: Потребна е децентрализација на јавното здравство, доктори од Скопје со финансиска мотивација или доброволно да бидат неколку денови и во Тетово

Здравствениот систем во Македонија е поделен на три степени. Првиот е примарното здравство кое што е релативно добро и функционално. Меѓутоа мислам дека треба да се дадат уште малку ингеренции на матичните доктори во примарното здравство, но продолжувам да мислам дека нашето јавно здравство е доста централизирано, истакна Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците и нов министер за здравство, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Околу 70-80 отсто од здравствените услуги во Македонија се даваат во Скопје, што не е нормално. Затоа треба да размислиме на децентрализација, на дисперзација. Под ова мислам дека малку повеќе треба да се работи со секундарното здравство, пред сè, мислам на клиничките болници. Да отвориме четири регионални клинички болници. Едната веќе функционира во Тетово, меѓутоа и таму треба да се работи. Можеби дел од докторите од Скопје, неколку денови во месецот, доброволно или со финансиско мотивирање, да бидат и во Тетово. Вакви центри треба да функционираат и во Охрид и во Струга, во Штип исто така и во Битола. Тие би биле четири регионални центри кои што малку ќе дадат можност за растоварување на системот во Скопје“, вели Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе