Вести Македонија Топ вести

Пекарите зависат од домашното производство на струја, а не од слободниот пазар, реагираат од пекарската индустрија по изјавата на Бислимовски

Цената на белиот леб се вивна, не е исклучено да поскапуваат и останатите прехранбени производи. Од индустријата мерат, премеруваат и заклучокот е дека многу фактори влијаат за повисоките цени. Од недостиг на работа рака, па до изнудена како што велат минимална плата без покритие за зголемена продуктивност и многу други надворешни фактори зошто производите од брашна ќе стануваат се поскапи во иднина.

Но, она што создава револт кај пекарите е изјавата на првиот човек на регулаторна според кого поскапувањето на белиот леб не може да се поврзе со најавите за повисока цена на домашното производство на струја.

„Откако пекарската индустрија објави за 10 отсто повисока цена на лебот, заради скок на цената на регулираниот пазар на струја, Марко Бислимовски од РКЕ, и порача на оваа индустрија да не се правда со струјата од домашно потекло со оглед дека голем дел од фирмите/пекарите се на слободниот пазар. Но, струјата е еден од факторите за скок на цените. Ќе јадеме ли изгор скапи производи од брашно, одговорот лежи и во односите меѓу земјите во Европа, војната во Украина, државните политики, но и отсутство на ресурсот житно зрно кое се помалку го има на берзите“, изјави Горан Георгиевски од пекарската индустрија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе