Вести Македонија Топ вести

(ФОТО) Премиерски портрет на Талат Џафери поставен во владата

На ѕидот во владата каде стојат портретите на премиерите на државата од неодамна е закачен и портрет на Талат Џафери, актуелниот технички премиер кој иако има и пратенички мандат се уште ја извршува функцијата- претседтел на влада.

Информацијата ја објави самиот Џафери уште пред 3 дена при посетата на претседателот на Албанија Бегај на Скопје на самитот на земјите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кога се сретнаа на Илинденска.

Портретот на Џафери е поставен на нов дел од ѕидот откако претходниот простор е пополнет со три слики на претседателите на влада од последниот мандат на СДСМ.

Џафери е трет технички премиер чиј портрет стои во владата и прв премиер од албанската етничка заедница.

Откако информацијата не се пренесе, на службениот ФБ профил на Џафери беше објавен пост со повеќе фотографии и детали за портретот. Џафери откри и кој го нацртал неговиот премиерски портрет каде е со препознатлива црвена вратоврска и пред знамињата на Македонија, ЕУ и НАТО.

-Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!, посочи Џафери на ФБ.

Едмонд Драми е сликар роден во градот Фиер во Албанија, учел, твори и живее во Рим. Познат е по цртање на портрети.

Талат Џафери беше избран за претседател на влада на 28-ми јануари оваа година како 11-ти по ред прениер по независноста на Македонија односно трети по ред технички премиер. Претходно 7 години беше претседател на Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновска Стојчевска во „Топ тема“: Седум години ние бевме предавници, вие патриоти, за некој да даде заклетва со Северна Македонија

Дејан Дејан

Ако биде се како што треба, ќе има ребаланс на буџетот во втората половина на јули – најава од Мицкоски

Дејан Дејан

Николовски: Можно е воведување на градски воз во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе