Привршува подготовката на измените Законот за јавно обвинителство во кој се имплементирани препораките на ГРЕКО, информираат од министерството за правда .
Се предлагаат решенија за сиоте детектирани слабости кои се однесуваат на дисциплинската постапка, разрешувањето на јавните обвинители, поставеноста на јавнообвинтелска мрежа, надлежностите, но и значењето на принципите на хиерархија и субординација.
Со измените се предлага:
– покрај актуелната поделба на лесна и тешка дисциплинска повреда, воведување на уште една, по својата тежина средна категорија на повреди;
– дополнување на листата на основи за дисциплинска одговорност на јавните обвинители и нивно степенување согласно тежината на повредата;
– формално подобрување на дисциплинската постапка и воведување на рокови за сите нејзини фази;
– зајакнување на улогата на Советот на јавни обвинители предвидувајќи можност за иницијатива на утврдување на одговорност на јавните обвинители за сторена дисциплинска повреда;
– зголемување на репертоарот на дисциплински мерки кои може да бидат изречени за секоја категорија на дисциплинска повреда и
– воведување на евиденција за изречени дисциплински мерки и рокови за нивно бришење.
Работната група што ги подготвува измените досега одржала 9 состаноци а во наредниот период законот ќе продожи со својата работа пишуваат од правда.