Вести Македонија Топ вести

Нови цени, стара болка – поскапувањето на лебот предизвика лавина од реакции

Граѓаните никако да здивнат од поскапувања. По одлуката на некои компании да го поскапат лебот за десет проценти жителите стравуваат дека зголемувањето на цените тука нема да запре. Велат дека кога треба нешто да поскапи тоа веднаш се прави, но кога треба да се спуштат цените тоа тешко оди.

„Сега е поскапо отколку што беше претходно. Сега веќе не е издрживо, многу ни е намалена потрошувачката кошничка, а цените се зголемени. Некако издржуваме сега, ама до кога ќе можеме вака не знам“, вели жителка.

„Јас не гледам причина за покачувања на цените. Веројатно и поскапувањата треба да ги следат примањата. Ако тоа не се следи едно со друго се прави некоја разлика која ги иритира луѓето и тоа не е убаво“, објаснува граѓанин.

„Сега нема друго чаре освен да се стрпиме и да почекаме да се намалат цените“, заклучува државјанка. 

Белиот и полубелиот леб добија нова цена за десет отсто повисока. Од мелничко пекарската индустрија објаснуваат дека причина за ваквата состојбата е зголемувањето на цената на пченицата на берзите. Но оптимисти се дека ќе има добра жетва и состојбата ќе се подобри бидејќи најавуваат враќање на старата цена на лебот.

„Се создаде некоја светска паника со што многу се зголеми цената. Но, како се ближи жетвата се гледа дека родот ќе биде солиден и ќе почнат да се рушат цените на берзите“, изјави Горан Малишиќ, мелничко–пекарска индустрија при СКМ.

Пред неколку дена статистика излезе со најновиот извештај за инфлацијата. Цените во малопродажбата во мај во споредба со истиот месец лани се пораснати за близу 6 отсто. Инфлацијата пак на ниво на цела економија е 4, 5 проценти. Најголемо поскапување за период од една година има кај храната, но и кај транспорот, здравствените услуги…

Податоците на ССМ пак покажуваат дека за едно четиричлено семејство да го истурка месецот му требаат 1000 евра. Очекувањата на инситуциите се инфлацијата да се стабилизира, а цените постепено да паѓаат, но наместо тоа граѓаните повторно се соочуваат со нов скок.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе