Вести Економија Топ вести

Домашните природни богатства ги наполнија џебовите на концесионерите, државата добила само 1 % од продажбата на најквалитетниот мермер

Ископ на јаглен, РЕК Битола

Концесионери се богателе  од домашното природно богатство, а се правел и  ископ на минерални суровини на диви површини за кои немало дозвола. Ова е констатирано во најновиот извештај на државните ревизори.

Во документот долг повеќе од стотина страници, пишува дека од  најквалитетниот мермер, државата за четири години, заработила само еден процент од приходот кој го остварил концесионерот.

Остварените надоместоци во корист на државата од експлоатација на најквалитетниот мермер во износ 1,7 милиони евра за период од 2018 – 2022 година претставуваат 1 отсто од остварените приходи од продажба на концесионерот. Ова е незначително во однос приходот кој го остварува концесионерот со продажба, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија

Констатирано е и дека висината на надоместоците за користење на просторот кои ги определила државата се многу ниски. Мал е и надоместокот за експлоатирани количини во однос на реалните пазарни цени, со што се остава простор концесионерите да прават огромни добивки.

Ревизорите утврдиле и дека за ненавремената наплата на концесиските надоместоци, не била пресметана затезна камата.

инистерството за економија  не врши пресметка и наплата на законска затезна камата, што влијае врз остварувањето на помали буџетски приходи, се вели во извештајот.

Концесионери пак на дива површина од близу 10 илјади метри квадратни за кои немале дозвола, вршеле експлоатација на минерални суровини.

Констатирано е и дека активностите од надлежните институции  не обезбедуваат целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надоместок и ефикасен надзор при склучување на  договори, а Министерството за економија нема доволно стручен кадар за доделување, но и одземање на правото за експлоатација на минерални суровини.

Заклучно со 2022 година,  доделени се концесии за експлоатација на минерални суровини на над 250 концесионери за вкупна површина од над 330 квадратни километри што е 1, 3 проценти од вкупната територија на земјава и најголем дел е од површините се  во сопственост на државата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Може да завршиш како Садам Хусеин – израелскиот министер за одрбана со порака до Хамнеи

Дејан Дејан

Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе