Вести Македонија Топ вести

Хан изрази загриженост – повика Северна Македонија да го почитува Договорот од Преспа

Еврокомесарот Јоханес Хан ја повика новата влада на Северна Македонија, да го почитуваат Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји.

-Што се однесува до случајот со Северна Македонија, тоа ме загрижува. Можеме само да ги повикаме сите страни, вклучително, особено новата влада на Северна Македонија, да се држат до Договорот од Преспа и да работат на европската перспектива на секоја земја, но и да им помогнат на соседните земји, истакна еврокомесарот на прес конференција во Брисел одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека верува дека ако се направи одржлив чекор напред, во случајот со Северна Македонија, тоа ќе има влијание врз целиот регион, на пример на разговорите меѓу Србија и Косово, кои треба повторно да се активираат со новата Комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе