Регулативата на ЕУ, односно ОБСЕ, е максимум до 1 процент. Кај нас секогаш кога се толкува нешто максимум, 1 процент може и не мора да биде. Се решија за 1 процент, затоа што јас сметам дека навистина се исплашија од независните листи, изјави Татјана Стојановска од „Независни за Карпош“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ќе кажам еден куриозитет. Нашето влегување во Совет како независни, уште на првата седница беше со еден општ став, односно општо обединување на сите партиски советници во тоа дека ние лажеме, манипулираме со самото тоа што единствено што сакавме беше поголема транспарентност. Сметам дека независните листи се неопходни за транспарентност и токму затоа тој еден процент им е единствен начин на кој што партиите, некако, може да ја втишаат таа транспарентност, да бидат само партии, договорите меѓу партиите се знае дека се вршат зад затворена врата. Досега не сум сретнала ниту еден независен советник или било кој активист кој зад затворена врата ги договара работите. Одиме со јасни ставови и не правиме калкулации во истите, бидејќи начелно кога се дефинираме како граѓанско здружение, односно група на граѓани кои што се борат, се бориме за конкретни работи за кои што немаме отстапување од нив на било кој начин“, рече Стојановска.