Статусот на македонските писатели може да се унапреди ако се консолидираат во рамките на Друштвото на писатели на Македонија. Подобрувањето зависи и од вмежувањето со други институции, а важен е и ставот и активностите на Управниот одбор . Ова за Телма го изјави новиот претстедател на писателската асоцијација, Живко Грозданоски, кој беше избран на функцијата на Изборното собрание, одржано минатиот викенд. Според Грозданоски , со изборот на претседател и усвојувањето на измените на Статутот, ДПМ излегува од криза, но останува да се допрецизира регистарот на членството и да се изготват повеќе нормативни акти.
Македонските писатели одамна не живеат од пишаниот збор зашто дотациите што ги добиваат од ресорното министерство не се доволни за објавување книги, а уште помалку за хонорари на авторите. Статусот на писателите ќе се унапреди ако членството на ДПМ се консолидира, се вмрежи со други установи, а важено е и размислувањето на Управниот одбор на Друштвото. Ова е ставот на нашиот наградуван писател, поет и преведувач , Живко Грозданоски, избран за претседател на писателската асоцијација на редовното Изборно собрание, одржано на 1 јуни.
- Ако Друштвото на писатели самото се консолидира и покаже една независност, која што мислам дека ќе ја покажува, тогаш статусот на писателот зависи од самите писатели, од самата нивна вмежаност со другите институции. Од самиот Управен одбор и нивниот начин на размислување . Нивното присуство во јавноста. Кога ќе видат другите институции наоколу дека Друштвото функционира, има идеи, сложно е и работи, тогаш и други институции, на пример, ќе бидат подготвени да дадат, книжарниците 15% попуст за нивните изданија, за членови на ДПМ, вели Живко Грозданоски, претседател на ДПМ.
Според Грозданоски, чинот на избор на претседател на Друштвото значи почеток на надминување на кризата во која асоцијацијата влезе минатата есен. На Изборното собрание се изгласани измените и дополнувањата на Статутот, а останова да се допрецизира регистарот на членови и да се изготват повеќе нормативни акти, вели Грозданоски.
- Веќе се работи на Правилник за работата на Управниот одбор , нешто што до сега го немавме . Треба да се изготват сите тие нормативни акти кои што ќе ја регулираат работата на Друштвото. Во овој момент , фокусот е на промената на раководството. Има доста бирократија со Централниот регистар, вели Грозданоски.
На Конститутивната седница, одржана по Изборното собрание, за потпретседател на ДПМ е избран Зоран Анчевски. Неговиот избор е поради искуството со раководењето на Одборот на СВП и македонскиот ПЕН Центар, кажа Грозданоски. Една од неговите визии е да заживее Друштвото со организирање повеќе настани, а покрај обрските на функцијата претседател, Грозданоски наоѓа време за пишување поезија и фаќа белешки за четвртиот роман.
Сотир Трајков