Бизнисменот Зоранчо Митровски кој лани призна вина во предметот „Империја“ и доби условна осуда, од вчера повеќе не одговара кривично. Преполовено е и обвинението за бизнисменот Цветан Панделевски.
Обвнителството го повлекло обвинението против Митровски во целост, а Панделевски нема да одговара за злоупотреба на службена положба и перење пари, но судењето против него продолжува за измама и за друго дело перење пари, потврдија за Телма од Кривичниот суд
Од обвинителството за организиран криминал објаснуваат дека повлекувањето е поради измените на Кривичниот законик. Искористување на службена положба и овластување, за кое одговараа обвинетите, повеќе не постои во изменетиот Член за злоупотреба на службена положба.
А токму тоа дека искористувањето не е инкриминирано како незаконско со последните измени, пишува и скопска апелација во одлуката со која ја укинала пресудата против Зоранчо Митровски. Тој призна вина и доби условна казна во март лани. Се жалеле и двете странки, обвинитеството незадоволно од условната казна а одбрана имала забелешки за конфискација и оштетното побарување.
Во меѓувреме се менува Кривичниот законик а Апелација го враќа предметот во Кривчен со повеќе насоки и упатства.
Истрагата за „Империја“ почна уште во СЈО а продожи во редовното обвинителство со 19 осомничени. На крај тројца седнаа во обвинителна клупа.
Најголем дел од осомничените склучија спогодби со обвинителството меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијаков и бизнисменот Орце Камчев. Три годишната спогодба за „Империја“ беше и единствена правосилна затворска казна за Мијалков од која издржа околу две години и излезе од затворот во Струга со условен отпуст.
Елена Ивановска Мукоска