Вести Економија Македонија Топ вести

Граѓаните со нула ги оценија македонските патишта, прескапи патарини, а се вози по дупки

Граѓаните со нула ги оценија македонските патишта. Од Јавното претпријатие за државни патишта се пофалија со нови милиони собрани од наплатните станици, но, граѓаните кои ги анкетиравме прашуваат каде одат овие пари? Велат, состојбата со патиштата е многу лоша. Патарините се  прескапи, а се  вози по автопати полни со дупки, по кои возачите ги уништуваат возилата.

И додека граѓаните се жалат дека цената на патарината е висока, а ништо не се вложува во македонските патишта, од ЈПДП на прашањето на Телма, каде одат милионите собрани од возачите, одговорија дека сите приходи се за реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државни патишта во земјава.

Вчера, од ЈПДП соопштија дека заклучно со мај од возачите собрани се над 23, 6 милиони евра или 2 милиони евра повеќе од истиот период лани.

Во последните четири години најмногу пари од патарини во касата на претпријатието се слеале лани, 62 милиони евра, тоа е околу 30 милиони евра плус, во однос на 2020 година.

ЈПДП

Поединечно по години остварениот промет од наплата на патарина 

2020 година:    2.092.818.055 денари (34.029.562 евра)

2021 година:    2.853.668.990, денари (46.401.122 евра)

2022 година:    3.274.387.335, денари (53.242.070, евра)

2023 година:    3.817.794.917, денари (62.077.966, евра)

2024 година:   Заклучно со месец Мај остварен е промет од Наплатни станици во висина од 1.454.587.856 денари или 23.651.835, евра

Изминативе години со изградбата на новите автопати,  до Гевгелија и оној до Штип,  граѓаните добија и уште четири нови наплатни станици.

Иако, од 2019 година се воведе и електронската наплата на патарините, најголем процент од граѓаните се уште плаќаат во готово.

Во Јавното претпријатие за државни патишта вработени се 505 лица, а просечната плата  е над 46 илјади денари.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе