Вести Култура Топ вести

Презентиран проектот ЕТЕРИА кој го афирмира видео театарот

На Факултетот за драмски уметности во Скопје се одржа завршната презентација на уметничкиот проект ЕТЕРИА, кој започна минатата година, а беше работен во партнерство меѓу Италија, Грција, Македонија и Романија. Преку овој проект , учесниците совладуваа ваштини за невербален театар, кој беше пласиран низ новата форма на видео театар. А, темите кои се обработуваа се колку универзални, толку и актуелни.

Универзални теми како конфликти, граници, миграции, но и женските божества Хеката, Хестија и Мнемосина како заштитнички на бегалците, оживеаја низ завршната презентација на проектот ЕТЕРИА, што се одржа денеска на Факултетот за драмски уметности. Проектот ја афирмира новата форма на видео театар, а режијата ја потпишува Фабио Толедо од Италија, велат од нашиот Центар на ITI при UNESCO.

  • Искуствата на мигрирање , на емигрирање од различни причини е долговековна , практично епохална тема, што повторно се реактуелизира и се актуелизира, кажа Иванка Апостолова- Баскар, раководител на Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО.

Проектот ЕТЕРИА,  кој што започна лани, е инициран од Италијанскиот центар на Интернационалниот театарски институт при УНЕСКО  и од театарот Астрагали. Во проектот беа вклучени 30 изведувачи од Европа и пошироко. Меѓу нив беа и нашите актери: Филарета Атанасова, Симона Спировска, Наташа Петровиќ и Здравко Стојмиров, кои требале да го совладаат невербалниот театарски израз.

  • На почетокот изразито драмските актерки, научени на говорен театар имаа малку проблем да го прибијат ледот. Меѓутоа во моментот кога успеаја , зашто методолошкиот процес, процесот на пракса и вежби овозможува вие да се отворите, кажа Апостолова- Баскар.

Проектот беше технички и просторно поддржан од ФДУ.

  • Ние како факултет стремиме да бидеме отворени кон сите. Особено кон ITI, затоа што ITI е една значајна организација за сите нас . И не само кон ITI , туку кон секој еден кој што има да покаже нешто ново, нешто интересно, што би било важно за нашите студенти, кажа Бесфорт Идризи- декан на ФДУ во Скопје.

Освен Италија, проектот ЕТЕРИА се реализира во партнерство меѓу Македонија, Грција и Романија. За нашиот дел, покрај Министерство за култура, средствата беа обезбедени преку проектот „ Креативна Европа“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе