Такси возило со патник излетало од патот и завршило во дрво, откако на 62-годишниот возач доживеал инфаркт. По инцидентот, тој бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде била констатирана смрт како последица од срцев удар.
„На 31.05.2024 година во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Словенија“ во Скопје, Ќ.В. (62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз „шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.