Вести Македонија Најважни

Во првите два круга гласање Уставен суд не избра нов претседател за што се кандидираа две уставни судијки

Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2-ри јуни и нема право на реизбор.

До сега се одржале два круга на гласање, но ниту една од двете кандидатки не ги добила потребните шест гласови, односно две третини од гласовите на уставните судии.

Според извори на Телма, двете кандидатки се Ана Павловска Данева и Татјана Васиќ Бозаџиева.

Уставните судии не се кандидираат сами за претседател на судот, туку ги кандидира некој од останатите судии. Не е познато кој ги кандидирал Павловска Данева и Васиќ Бозаџиева, но вчера претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во интервјуто во Топ Тема на Телма рече дека таа нема да кандидира никој, за тоа да не биде сфатено дека пренесува нечија порака.

Сега треба да се спроведе и третиот круг на гласање, но тоа не е невообичаено во изборите на претседател на Уставнито суд. Досега имало повеќе искуства кога претседател на бил избран во првиот круг и имало ситуации кога било потребно уставните судии да гласаат повеќе пати, велат нашите извори.

Кој ќе седне во удобната претседателска фотелја, треба да се дознае наскоро.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата ќе купи 120 автобиси за јавниот превоз во Скопје и другите градови

Дејан Дејан

Притворениот обезбедувач на Мицкоски имал две дисциплински во МВР- додека го штител премиерот, како синдикалец се среќавал со пратеници на власта

Дејан Дејан

Препукувања меѓу пратеникот Милошоски и министерот Филков – премиерот Мицкоски ги правда дека имале лош ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе