Вечен проблем на секоја жена е каква ќе биде следната фризура која ќе го краси нејзиниот профил. Понекогаш фризерските салони наликуваат на вулкан кој само што не еруптирал, поради неодлучноста на жените во него. Безбројте поминати часови, во многу од случаите доведува до позитивен резултат, а задоволството на жената може веднаш да се види при нивното прво стапнување пред огледало.
Покрај секоја нецелосна одлука, тука се наоѓаат и трендовите кои суштински најмногу прават раздор и го зашематуваат умот на секоја жена. Многу од жените се свесни за нивната убавина и начинот на кој ја негуваат женственоста, но понекогаш косата претставува толку голем проблем кој не може да се реши. Сепак покрај бројните магазини, интернетот претставува најлесна опција кога е во прашање изборот на следната фризура.
Свесноста за инфлуенсерските трендови стана манија кај тинејџерките, но и кај возрасните. Според многуте познати фризери ширум светот, не секогаш ваквите трендови се релевантни и пресудни. Постоењето на избор понекогаш е вистинско решение, бидејќи каков би бил светот, ако сите жени утре се појават со иста фризура?
Клучниот момент за секоја добра фризура е негата, без неа не би можело ни да стане збор. Трендовите кои се менуваат од сезона во сезона се збунувачки, но сепак постојат движечки фризури кои опстојуваат.
Несомнено „Hydro-bob“ фризурата направи експанзија кај младите, кои збеснаа по ваквиот тренд којшто несомнено ќе ги задржи симпатиите уште долг период.

Покрај него е „Оld money Bob“ кој можеби и ќе ја преземе водечката популарност.


Во тренд е и „Butterfly“ фризурата која се одликува со лесни кадрици и слоеви бранови долж цртите на лицето. Според позната фризерка Паломбо за оваа фризура вели дека е: ,,Слоевита, секси и долга“.
„Long length natural curls“ во било каква боја е неизбежен тренд кој се провлекува од година во година. Дали се работи за природни или направени кадрици, тие несомнено го разубавуваат секое лице и будат неистражена егозитика кај секоја жена.

На крај на денот, која и фризура да одберете да ја носите, најважно е да таа да ви донесе чувство на моќ, самоувереност и се разбира грациозност, како водечки компоненти во ставот на секоја жена.
Теа Димковска