Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и Левица предводници во штетни наративи на социјалните медиуми

Според истражувањето спроведено од Институт за комуникациски студии, партијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица се предводници во штетните наративи кои се распространети на онлајн-медиумите. Во претходни месеци, ВМРО-ДПМНЕ е  политичка партија со најмногу идентификувани штетни наративи со дури 43 објави. Додека Левица го зазеде местото на СДСМ и изби на второто место со 38 токсични објави. СДСМ, која во изминативе месеци од мониторингот редовно беше второпласирана, во април се најде на третото место со 29 објави со штетни наративи.

Кај партијата ДУИ во текот на април продолжи да расте бројот на штетните објави и изнесува 14, а кај опозициските партии на етничките Албанци во земјата, здружени во предизборната коалиција Вреди, беа забележани повеќе објави со штетни наративи на Фејсбук-страниците на лидерите на партиите во коалицијата и незначително намалување на објавите со штетни наративи на интернет-страниците на Алтернатива со три и на Демократско движење со една објава.

Се забележува раст на штетната содржина на интернет и на Фејсбук-страниците на политичките партии и на нивните лидери ‒ од 142 објави во март на 176 објави во април.

Изет Меџити, лидерот на Демократско движење и дел од коалицијата Вреди е предводник со 10 објави со штетен наратив. По него, со седум објави со негатив наратив меѓу партиските лидери се наоѓа Димитар Апасиев од Левица, додека кај лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, се забележани шест објави со штетен наратив.

Според извештајот  од ИКС кај онлајн медиумите во април има благ пораст на „екстремен патриотизам и национализам“ и „етноцентризам“ во однос на претходниот месец. Штетниот наратив „ширење паника и страв“ во истиот период бележи раст кај сите мониторирани субјекти.

„Кај онлајн медиумите се евидентирани дури 261 објава со штетни наративи, што е највисока бројка досега споредено со претходните месеци во февруари со 211, а во март со 224. Спротивно од онлајн информирањето, кај ТВ-станиците, пак, е нотиран досега најмал број „штетни“ прилози.

Портал со најголем број објави со штетни наративи во април е „Курир“ со 54 прилози, од друга страна, кај ТВ-станиците најмногу прилози со штетни наративи се забележани кај ТВ Алфа со 14.

Во периодот на изборната кампања, забележливо е дека фејсбук-профилите на министрите во Владата кои беа истовремено и кандидати во изборниот процес, активно се користеа за промоција на нивните активности во рамки на кампањата, со што се злоупотребува користењето на официјалните владини канали за комуникација за лична промоција и партиски потреби.

Истражувањето ШТЕТ-НА ИКС го спроведува со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите. Предмет на мониторинг се 10-те политички партии и нивните лидери чии партии бројат најмалку двајца пратеници во парламентарниот состав 2020 ‒ 2024 година, како и Фејсбук-комуникацијата на членовите на Владата на Северна Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот „Тенк“ – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Дејан Дејан

Две години затвор за медицинска сестра на Онкологија за проневера на лекови – Апелација ја потврди пресудата, таа е во бегство

Дејан Дејан

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе