Вести Македонија

Девојче со сколиоза со хеликоптер пренесено на операција во Турција

Четврт меѓународен транспорт за лекување беше спроведен утрово на 8 – годишно девојче од Охрид кое боледува од сколиоза. По долго конзервативно лекување во Охридската болница и клиничкиот центар Мајка Тереза, комплексноста на болеста била главна причина за истата интервенција да се изврши во Турција.

Осум годишната пациентка со медицински хеликоптер беше пренесена утрово во 6:30 часот од Скопје до Истанбул каде ќе се изврши операција во специјализирана болница за таква патологија.

За време на летот пациентката ја придружуваа и тим од лекари а со неа бидејќи е малолетна патува и нејзината мајка.

Меѓународниот транспорт е успешно извршен.  На осум годишната пациентка ќе се изврши операција која би траела околу 4 часа по што ќе следува рехабилитација. Се очекува да остане во Турција од две недели до еден месец.

Семејството на девојчето ќе го покрие финасискиот дел околу лекувањето. Пациентката боледува од сколиоза – медицинска состојба каде доаќа до искривување на рбетниот столб.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе