Вести Македонија

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена од комерцијални причини, дознава дописничката на МИА од Атина од извори од грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“.

Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен на 1 јуни годинава, сепак директната линија е откажана и нема да се воведе.

Според истите извори, линијата меѓу Скопје и Атина продолжува регуларно да функционира, како и досега и не постојат промени во поврзувањето на двата главни градови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе