Вести Македонија

Родова еднаквост само на хартија – жените и натаму се борат за простор и позиции во политиката, економијата, науката

Голем доказ дека сè уште постојат стереотипи и родово нееднаквост во општеството е бројката на пријавени случаи на насилство врз жени и девојки и семејно насилство, порача Бети Пеева од Здружението „ЕХО“ од Штип на дебатата и перформансот за јакнење на родова нееднаквост „Простор за разговор“ во организација на ХЕРА. Анализите покажуваат дека од 2021 до 2023 година за 176 отсто е зголемено насилството врз жените и девојките и семејното насилство.

Елизабета Божиноска Програмски, директорка на ХЕРА, денеска од Штип истакна дека кај нас професиите се делат на машки и женски. Ова е најизразено во науката и политиката. Посочува дека само 2,5 проценти од општините во државата имаат жена за градоначалник.

ХЕРА има за цел преку дебата, но и музички перформанс, да придонесе во искоренување на родовите нееднаквости, да се зајакнат младите и маргинализираните заедници. Во земјава има закони за родова еднаквост, но според експертите само на хартија.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе