Вести Македонија

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски (74).

„Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Република Турција, по наредба на судија на претходна постапка денеска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје. По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, поставен по службена должност, судија на претходна постапка донесе решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во Истражниот затвор Скопје, а заради постоење на околностите од чл. 165, ст. 1, точка 1, 2 и 3, односно постојат околности дека може да се даде во бегство, може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците и околности кои упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело“, стои во соопштението од Кривичен.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, наведуваат од Основниот кривичен суд.

Палевски, кој беше спроведен од полицијата со спуштена глава, прашан од медиумите да дали ги сторил убиствата и дали ќе се брани со молчење рече „не“.

Тој е првпат изведен пред судија на претходна постапка по екстрадицијата од Турција, каде побегна и потоа беше фатен од тамошната полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе