Вести Македонија Топ вести

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ е незаконска, вели Даријан Сотировски, жител на градот и граѓански активист.

Неговото тврдење се заснова врз фактот дека стадионот, кој е на државен имот, е доделен на трајно користење на Општината во 2015 година, па согласно законот надлежност да дава корисничко право има само Владата, поради што локалната власт не смее да го менува, ниту да го руши.

Сотировски потенцира дека недостасува и потребна документација, поради што поднел преставки до Уставниот суд, како и до Државното правобранителство, кое ги потврдило неговите наводи.

Сотировски вели дека кога граѓаните би биле гласни, правниците упорни, а институциите внимателни и ажурни не би се уништувал неповратно државниот имот.

Телма побара став од Општина Тетово преку маил за изнесените наводи, но до затворањето на прилогот не добивме одговор.

Инаку, на 12-ти минатиот месец Општината организираше настан на стадионот на кој на видео презентација беше прикажано како ќе изгледа по реконстукцијата. Се одигра ревијален фудбалски натпревар и настап на музичари само на албански јазик, а градоначалникот лично со багер го започна рушењето на дел од трибините.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе