Вести Македонија

„Вреди“ со прва тужба до Управен против одлука на ДИК

Пристигна првата тужба до Управниот суд против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори 2024. Подносител е Коалицијата „Вреди“, а се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во Долна Бањица, гостиварско. Од Управен објавија дека ноќеска во 10:30 часот оформиле предмет по тужбата од „Вреди“.

Тужби до Управен најавија и од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ од каде обвинија и дека на членовите на ДИК им бил извршен политички притисок преку партиски инструкции.  Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба, а од тоа какви одлуки ќе донесе ќе зависи дали ќе има прегласување во конкретните избирачки места што може да има влијание и врз освоените мандати.

До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори од коалицијата „Вреди“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица. ДИК прифати приговори за 7 избирачки места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе