Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, соопшти Царината. Златото е најдено по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.
Царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.
Во пределот за багаж е пронајдена црна торба. Во неа имало 9 пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.
Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари.
Случајот е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.
Ниту се коси тревата, ниту се прска против комарци – молк од Град Скопје