Вести Македонија Топ вести

Непостапување по Договорот од Преспа ќе ве чини европски пат – Грција со предупредување до идната македонска влада

Грција испратила предупредување до идната влада во Македонија дека непостапување по Договорот од Преспа ќе ја чини европскиот пат. Ова во интервју за „Скај“ телевизија го изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, кој притоа најави дека Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија, додека не се увери дека Скопје целосно го почитува Договорот од Преспа, бидејќи така би ја загубила моќта за вршење притисок врз Македонија за придржување до Договорот.

„Јасно ја предупредив новата влада во Скопје дека секое отстапување од спроведувањето на Договорот ќе има сериозни последици за нашите билатерални односи, но и за европскиот патот на Северна Македонија. Односно, сега кога видовме во она што долго време се сомневавме, дека може да дојде идна влада и на некој начин да ја доведе во прашање сржта на Договорот, ерга омнес, може да не ги одобриме меморандумите и да откажеме секакви преговарања. Оружје што го имаме против Скопје“, изјави Мицотакис.

Мицотакис во тој контекст барањето на опозициската СИРИЗА грчкиот парламент веднаш да ги ратификува меморандумите потпишани со Македонија, кои проилзегуваат од Договор од Преспа, како потег со кој грчката влада ќе го заштити Договорот, грчкиот премиер го нарече апсурден.

„Нема да ги ратификуваме меморандумите од Преспа доколку не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа“, изјави Мицотакис.

Мицотакис во интервјуто посочува и дека тој уште во 2019 година предупредил дека ратификацијата на Договорот ги обврзува на негово спореведување, особено што неговото главно противење било за употребата на придавката „македонски“ во Договорот за означување на „македонски јазик“ и „македонска етничка припадност“.

Рекацијата на грчката влада и на грчкиот премиер околу исполнување на Договорот од Преспа уследија откако на инаугурацијата новата претседателка, Гордана Силјановска Давкова, заклетвата ја положи без да го исговори уставното име на земјата „Република Северна Македонија“, изговарајќи само Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе