Вести Македонија

Палевски во посебен оддел на затворот во Шутка каде се и останатите осомничени за убиствата на Вања и Жежовски

По трансферот во Македонија, Љупчо Палевски-Палчо веднаш е префрлен во затворот во Шутка бидејќи за него веќе има определен притвор од 30 дена.

Во скопскиот истражен затвор беше донесен со конвој од 4 необележани со полициски ознаки,  автомобили. Турската полиција го испрати со кофер со неговите работи пронајдени при апсењето во Баликесир, како и купени и добиени во затворот во Турција. На аеродромот во Скопје се чекаше неговиот багаж поради што се оддолжи трансферот кон Шутка.

Тој со багажот е префрлен директно во Шутка каде има подготвено засебна ќелија за него. Ќелијата се наоѓа во истиот затворски дел каде во засебни и просторно разделени ќелии се наоѓаат уште тројца притворени и осомничени за злосторот (двете убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски) за кој првоосомничен е Палевски.

Тој ќе биде и под посебно обезбедување, во ќелијата во која се доаѓа преку посебен ходник. Мерките се определени поради безбедносен ризик.

Во затворот, на Палевски ќе му биде извршен детален медицински преглед. Потоа како и останатите осомничени, ќе му биде доделен затворски комбинезон.

Безбедносните мерки се предвидени и за исхраната на притворениот Палевски. Од затворот велат дека храната за Палевски ќе биде посебно проверувана. Притворениот ќе има можност еднаш во текот на денот да шета, но не во друштво нс други притвореници туку сам и тоа во посебен отворен простор поврзан со неговата ќелија, наменета за високоризични притвореници.

(ФОТО) Палевски пристигна во Истражниот затвор Шутка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе