Утрово во 3:35 часот, во Полициска станица Кисела Вода во Скопје, е пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..
Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.