Рој комарци околу дрвјата, а под нив трева од еден метар. Ова е сликата што може да се види пред Владата. Иако зградата се наоѓа во центарот на главниот град и претставува еден од најважните објекти, местото околу е целосно запуштено. Во близина е кејот на реката Вардар, или главното роиште на комарците во скопската котлина, од каде се стравува дека може да дојде опасноста од неконтролирано размножување и потенцијално ширење на зарази.
„Тревата и комарците остануваат нерешен проблем меѓу граѓаните и причина за расправија помеѓу институциите“
Променливото време со наизменични топли и врнежливи денови се причина плус за зголемување на комарците и останатите инсекти. Граѓаните стравуваат од можноста за развивање на болести кои ги пренесуваат комарците.
Прскањето против ларви од комарци доцни повеќе од месец дена бидејќи пропадна дел од тендерот, а одговорните од град Скопје велат дека постапката била навремено распишана, но поради жалба на еден од операторите, се чека на одлука на второстепениот орган.
Тамара Марковска