Вести Македонија

Меџити: Работиме интензивно на составување на новата влада

Членовите на работната група која ќе ги води преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за формирање на парламентарно мнозинство се веќе номинирани, рече лидерот на Демократското движење Изет Меџити во вечерашната Топ Тема на Телма.

Значи веќе се номинирани од сите политички субјекти во склоп на ВЛЕН. Значи, во работната група од кај мене е Висар Ганиу, од Алијанса Азир Алиу и сигурно и од Алтернатива и од БЕСА веќе се номинирани, рече Меџити.

Лидерот на Демократското движење, кое го формираше откако се отцепи од ДУИ, откри дека во усогласувањето на програмите ќе учествува и советникот на Курти, Беким Ќоку.

Значи само во делот на програмата, нема да бидат дел од владата туку ќе бидат во парламентарната група, и ќе има свој глас како пратеник, Беким Ќоку, рече Меџити.

Го пофали Мицкоски дека и покрај тоа што добил 58 пратеници дошол во штабот на ВЛЕН и тоа го оценува како добар почеток и знак дека ја нема ароганцијата на старото ВМРО и Груевски. Според Меџити, таквиот мал гест ја прикажува почитта која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им ја укажал. Разговорите продолжуваат на дневно ниво, порача Меџити.

Првично се работи на принципите на новата влада и на унифицирање на програмите од двете коалициии. Така што секојдневни се тие, мислам дека веќе не преставува интерес кога ќе се сретнат може еднаш денеска, може два пати преку ден, комуницираме и преку телефон и на средби. Значи работиме на состав на новата влада, рече Меџити.

Преговорите сѐ уште не стигнале до распределбата на ресори, рече Меџити, потенцирајќи дека ВЛЕН не влегува во владата за да има минимално учество.

Најпрвин зборуваме за принципите на новата влада, за програмата на новата влада, каде ќе биде нашиот фокус, значи тоа што го потенцирав, економски развој, животен стандард и другите важни прашања.Не сме навлегле сѐ уште во тој дел, но мислам дека нема да биде ни манималистичко ни понижувачко нашето учество во владата, ние сме претставници на Албанците, и отприлика, не отприлика туку и според последниот попис се 30 посто. Нема да одиме со дигитрон, со калкулации, но отприлика како претставници на Албанците во Македонија сакаме отприлика тој дел да го превземеме, но повеќе фокусот нема да биде во функциите туку во реализацијата на програмата, на идеите и тоа да го почувствуваат граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе