Вести Македонија

Сиљановска Давкова ќе се сретне со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе има средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

Претседателскиот кабинет, соопшти и дека Давкова денеска ќе го прими и амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

Гир и Силвестри по претседателките избори и ја честитаа победата на Давкова, а присуствуваа и на нејзината инаугурација во Собранието. Гир во честитката до Сиљановска – Давкова искажа очекувања „за тесна соработка за европската иднина на земјата“.

Силвестри, пак, покрај неговата лична, ја пренесе и честитката од италијанскиот претседател Серџо Матарела, во која се истакнува „заедничкото членство во НАТО и интензивната соработка што ги обединува Италија и Северна Македонија, како и надеж дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување во Европската унија со обновена посветеност од сите национални институции“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе