Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Тетово, меѓу нив и поранешен директор, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Кривичната пријава е поднесена против Д.Б. (45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Кривични пријави се поднесени против Р.Б.(72) и А.Х.(40) од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по член 24 во врска со кривичното дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
,,Пријавениот Д.Б., заедно со пријавените Р.Б. и А.Х., ги повредил прописите за постапката за јавен повик и со нивниот меѓусебен договор ја изиграле постапката, па така неговата сестра, пријавената А.Х., стекнала право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што пријавените нанеле штета на Фондот во вредност од 37.852.275 денари или 614.484 евра од Буџетот на РСМ”, се вели во соопштението од МВР.
,,Со нивните дејствија ги повредиле прописите за постапката за јавен повик и со меѓусебен договор ја изиграле постапката, со што пријавените се стекнале со право на сопственост на недвижниот имот, кој што е предмет на закуп од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и со тоа нанеле штета на Фондот во вредност од над 600 илјади евра од државниот Буџетот”, се додава во соопштението од МВР.