Вести Македонија Топ вести

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

13 годишно момче од Битола, почина ненадејно вчера, во атарот на село Крстоар каде било на роденденска забава со своите врсници.

Причините за смртта на смооделенецот од битолското основно училиште ,,Коле Канинаски” сè уште не се познати, поради што обвинител нареди обдукција, која треба да се изврши денеска.

На 13 годишникот му се слошило околу 15 часот и 30 минути додека играл со своите другарчиња во близина на Битола,  по што веднаш била повикана Итна помош. Детето било пренесено во битолската Клиничката болница, без знаци на живот, а лекарите 40 минути се обидувале да го реанимираат, но безуспешно.

Од битолската полиција велат дека кај момчето немало  знаци на насилство, ниту пак постои друг сомнеж за смртта на 13 годишнито момче. Се претпроставува дека станува збор за приородна смрт, но причините ќе бидат утврдени со обдукцијата која  е во тек.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе