Вести Македонија

Експерти бараат формирање на сектор за борба против еколошки криминал од МВР

За ефикасна борба против еколошкиот криминал потребен е посебен сектор во МВР, сметаат експертите. Законската рамка генерално е добра, бидејќи е воведено кривично дело екоцид, но потребно е многу работа на терен и имплементација.

Корупцијата исто така е проблем кога станува збор за кривични дела во областа на екологијата, а државата ќе мора да потроши огромни средства кога ќе го отвори поглавјето за заштита на животната средина за да ги исполни условите на ЕУ, сметаат експертите на денешната дебата за криминалистички истраги за еколошки кривични дела која се одржа н Факултетот за безбедност.

Со воведување на екоцидот како кривично дело, се подобрува законската рамка кога станува збор за кривични дела, во областа на екологијата. Потребна е имплементација на терен и посебен сектор во МВР за сузбивање на еколошкиот криминал и обука на обвинители и судии, сметаат експертите на денешната дебата за криминалистички истраги за еколошки кривични дела кој се одржа на факултетот за безбедност.

,,Каде ќе се позиционира овој сектор во рамките на МВР сеуште се размислува и се планира но мора да има значајни ресурси бидејќи екоцидот е поврзан и со корупцијата”, смета Марина Малиш Саздовска, факултет за безбедност.

 

,,Казните мора да бидат построги и да има повисока глоба за да се одвратат сторителите на еколошки криминал” изјави Баже Димитриовски, БЈБ.

 

“Како пример за лошо законско решение беше наведена глобата за бесправна сеча на дрва каде за физичко лице максималната казна е 250 евра без разлика на количината бесправно исечено дрво” додаде Дарко Блинков, Државен инспекторат за животна средина.

Заштита на животната средина е едно од поглавјата во преговорите со ЕУ каде има стриктни правила и поглавје за кое што државата треба да потроши многу средства за да се исполнат условите на ЕУ, вели судија Осман Шабани.

Во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ е формирана првата генерација на ученици кои изучуваат предмети и вештини неопходни за професијата еко форензичар.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе