Вести Македонија

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Oсомничен е 36-годишник од Скопје, кај кого се пронајдени и одземени наркотични супстанци. При претрес во домот каде престојувал наркотиците се пронајдени во форма на марихуана со вкупна нето маса од 56,40 грама и 15 семки канабис, еден шприц со остатоци од хашиш смола, едно пакување со наркотична дрога кокаин, со вкупна нето маса од 10,40 грама, пет  пакувања со психотропна супстанца амфетамин со вкупна нето маса од 5,13 грама и едно  пакување со психотропна супстанца MDMA  со вкупна нето маса од 0,45 грама.

Дрогата и психотропните супстанции зедно со три дигитални ваги биле пронајдени и одземени од овластени службени лица. Основното јавно обвинителство Скопје, донесе Наредба за спроведување истражна постапка, против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе