Вести Македонија

Излетничките места полни со граѓани за 1-ви Мај

Скара, пијалаци, музика, друштвени игри и смеа, ваква беше атмосферата на излетничкото место Матка во Скопје.

Иако за денеска беше најавено променливо облачно време тоа не ги предомисли граѓаните. Излетничкото место беше преполно.

Оние граѓани кои ги затекнавме таму велат дека сакаат да го одбележат Денот на трудот на сончево време во природа со најблиските.

„Први мај го одбележуваме со пикниг. Го поддржувам денешниот протест за работничките права затоа што не дека работниците сега немаат права туку треба барем малку да бидат повисоки примањата.

Прашање: Го поддржувате, но сепак избравте овде да дојдете?

Одговор: Па да поради чист воздух, вели еден граѓанин.

„Тука сум на убав амбиент со убаво друштво. Требаше денес да бидам на протестот, но моите одлучија тука да дојдат“, вели друг жител.

Први мај е познат како Меѓународен ден на трудот кој се одбележува ширум светот. На овој празник синдикатите секоја година излегуваат на протести за да ги потсетат властите на нивните права.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе