Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Европски фронт и Вреди уште не решиле дали и за кого ќе гласаат на вториот круг претседателски избори

Европскиот фронт предводен од ДУИ и коалицијата Вреди се уште не кажуваат дали ќе побараат од своите поддржувачи да поддржат еден од двајцата кандидати за претседател на држават во вториот круг од претседателските избори.

Кандидатите за претседател на двете коалиции од албанскиит политички блок во првиот круг од претседателките избори освоија вкупно 204.481 глас, односно кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи освои нешто повеќе од 121.000 гласови, додека Арбен Таравари од Вреди освои над 83.300 гласови.

Од ДУИ информираат дека се уште не седнале со своите коалициски партнери да разговараат за тоа.

Тоа ќе биде партиска одлука, но ние се уште не сме донеле таква одлука, во нредните денови тоа ќе се знае. Сега ние сме фокусирани на парламентарните избори и комуницираме со тоа дека ние сме победици со плус 40.000 гласачи и сме фокусирани на парламентарните избори, изјави Арта Биљали Зендели од Европски фронт.

Од Вреди пак со став дека вториот круг од претседателските избори е формален, но и дека ниту еден од двајцата кандидати за претседател во вториот круг не ги побарал нивните гласови.

Сега за сега нема побара таква поддршка. За волја на вистината, голема е разликата, повеќе е формално втор круг, но деновиве ќе седнеме лидерите на Вреди и ќе донесеме одлука, изјави Изет Меџити од Демократско движење.

Актуелниот шеф на државата и кандидат за претседател на коалицијата предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, веднаш по првиот круг од гласовите пак изјави дека нема да бара договор со другите кандидати за механичко префрлување на гласовите, дури и дека ќе одбие каков било обид за нудење на квантум на гласови од другите партии.

Дополнително освен што не откриваат кој би ја добил нивната поддршка во вториот круг на гласови, дали за кандидатот на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ, досега ниту Европскиот фронт, ниту Вреди јавно не ги повикаа своите поддржувачи да гласаат на вториот круг од претседартелките избори.

Токму гласовите кои ги освоија Османи и Таравари можат да бидат пресудни во постигнувањето на цензусот од 40 проценти излезност, од вкупниот број регистрираните гласачи во државата, за изборот на претседател на државата да биде валиден.

Петте кандидати од македонскиот политички блок во првиот круг гласови вкупно освоија 676.894 гласови, што доколку се повтори во вториот круг, но со тивок бојкот на гласањето од поддржувачите на двете коалиции од албанскиот политички блок би било недоволно за исполнување на ценусот од потребни 40 проценти или 725.886 гласа во вториот круг од претседателските избори.

Кандидатката за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова синоќа во интервју за ТВ 21 изјави дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да има цензус од 40 проценти, бидејќи тоа е системот на балотажа, кога одат двајца еден треба да биде избран со релативно мнозинство, повикувајќи се притоа на мислењето за цензусот од Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе