Вести Македонија

Приватните специјализанти не се откажуваат од борбата за нивните права

Приватните специјализанти не се откажуваат од нивните барања. Како што и претходно ветија секој вторник во 11 часот за време на паузата ќе се собираат во паркот кај Интерните клиники за да ги потсетат надлежните дека нивната ситуација останува непроменета.

„Тие сè уште немаат здравствено осигурување и сè уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања“, вели Александра Георгиева, претседателката на Здружението на лекари специјализанти.    

Специјализантите велат дека ќе одат на нивните работни места за доброто на граѓаните се до формирање на идната Влада. А потоа му порачаа на идниот министер за здравство да се сретне со нив за да се реши нивниот проблем. Велат дека половина од дежурните лекари за време на празниците сега ќе бидат токму приватните специјализанти.

Овој пат во нивна поддршка на мирниот протест дојде и нивна професорка која побара од идниот министер за здравство да има слух за проблемот.

„Овој проблем мора да се реши. Решението според мене е следното укинување на приватните специјализации веднаш, решавање на сегашните специјализанти, а особено кадровска политика. Мора да има Национална програма за здравство да се произведуваат толку доктори коишто по статистиките ќе и бидат потребни на нашата медицина“, изјави Маргарета Балабанова-Стефанова- универзитетски професор на медицинскиот факултет.  

Приватните специјализанти кои сега добиваат надомест од 26 илјади денари, бараат вработување со просечна плата, а сегашниот министер им вети решавање на проблемот по изборите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Се урна зграда во Карачи – 16 загинати, над 20 повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе