Вести Магазин Свет

Францускиот актер Жерар Депардје (75) е приведен поради обвинение за сексуален напад, пишуваат француските медиуми

Според информациите на француската телевизија БФМТВ, познатиот француски актер Жерар Депардје утрово бил повикан и однесен на распит во една полициска станица во Париз.

Тој е обвинет за сексуално насилство од страна на две жени кои учествувале на снимање на филмови во кои Депардке бил актер. Нападите, според нивните тврдења, се случиле во 2014-та година на снимањето на филмот „Le Magicien et les Siamois“ на Жан-Пјер Моки и во 2021-ва година на снимањето на „Volets verts“ на Жан Бекер.

Жерар Депардје ја негираше вината од првите обвинувања и тврди дека е жртва на „медиумски линч“. Против славниот француски актер во јавноста , но и пред истражните органи, десетина жени го пријавија за случаи на сексуални напади и неприфатливо и дрско однесување и допирање. Поголем дел од пријавите се однесуваат на негово однесување на филмски сетови.

Во одбрана на Депардје застанаа многу негови колеги, а во негова полза изјава даде и францускиот претседател Емануел Макрон, при еден обелоденет случај на обвинување за недостоинствено однесување.

Депардје е еден од најпознатите француски актери чија кариера трае повеќе од половина век. Има една номинација за Оскар, еден Златен глобус, две награди Цезар за најдобар француски актер. Најпознати филмови му се „Сирано де Бержерак“, „Полиција“, „Астерикс и Обеликс“, а во Холивуд се проби со филмот „Зелена карта“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе