Вести Македонија Топ вести

Ковачки пред велешани: Реконструкција на пругата кон Кочани, електрификација на железничката линија за Битола

Реконструкција на пругата Велес – Кочани, електрификација на железничката линија Велес – Битола и реконструкција на автопатот Катланово – Велес, вети, меѓудругото, Драган Ковачки, носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“ во третата изборна единица за парламентарните избори на 8 мај, пред велешани.

Но, како што нагласи, тоа не е се. Ковачки најави реконструкција и на Општата болница во Велес, нова катна гаража.

„Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија“, порача Ковачки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Размислуваме да воведеме данок за немажени и неженети

Дејан Дејан

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Дејан Дејан

Коцевски: Обвинение за полициските службеници во случајот „Пулс“ до септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе