Вести Македонија Топ вести

Апасиев: Очекуваме да освоиме осум до 12 пратеници, да го спуштиме ВМРО-ДПМНЕ под 50, а СДСМ под 20

Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО-ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а како што рече, тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.

„Она што го направивме на претседателските избори е очекуван резултат, како за првпат учествуваме и поддржавме независен кандидат, кој ни беше идеолошки близок. Но, на парламентарните почнуваме од нула и очекуваме солиден резултат, со којшто ќе овозможиме моќта на уценување конечно од албанските необалистички партии, да премине конечно во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот, наспроти сите антимакедонски сили, коишто сакаат да внесуваат и Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни Парламенти и да менуваат Устав, со којшто ќе се брише 20 проценти и ќе влегува друг официјален јазик“, рече Апасиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе