Вести Македонија Топ вести

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија енодгодишната обука.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа. Им порача дека секој од нив е креатор на сопствената среќа, оти нивниот успех зависи од самите, но и дека законот мора да се почитува.

Техничкиот премиер Талат Џафери, честитајќи им на новите припадници на полицијата, посочи дека да се биде на првата линија на безбедноста е благородно и во исто време многу одговорна должност.

Успешното завршување на обуката им го честита и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе