Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Стирк: Утрово посетивме две избирачки места, утре ќе соопштиме првични резултати од набљудувањето

Денеска во Македонија е изборен ден. Граѓаните гласаат за претседател на државата. Битката ја водат седум кандидати за претседател, меѓу кои пет мажи и две жени..

Мисија на ОБСЕ/ОДИХР, има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, во единаесет часот го одржаа и својот прв прес.

Првичните резултати набљудувањето на гласањето ќе ги соопштат утре.

Утрово имав можност да посетам две избирачки места, тоа беше добар почеток на денот, знаете ова се само две избирачки места од многуте во земјава. На крајот на денот ќе имаме целосна проценка како се одвива процесот. Како што знаете имаме повеќе од 200 набљудувачи во земјава, кои  денес се распоредени низ целиот регион.  Исто така имаме и долгорочни набљудувачи, од кога и е отворена нашата мисија од крајот на март. Тие се лоцирани во целиот регион и го следат избирачкиот процес започнувајќи од правната рамка, изборната администрација, прашањата врзани за како се финансираат кампањите и секако улогата на медиумите, порача шефицата на мисијата во земјава, Џилијан Стирк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе