Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија.

„Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата, најави дека наскоро ќе извести за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата„, соопштуваат од ЈО.

Специјална комисија, дежурни обвинители и сите полицајци на терен.

Истражителите и полицијата ќе ловат изборните нерегуларности.

Во следење на изборите се вклучуваат и бирото за јавна безбедност како и агенцијата за национална безбедност.

Казните се ригорозни доколку се предизвика насилство при гласањето.

Најмалку три години затвор за оној кој ќе уништи ливчиња или гласачка кутија, порачуваат истражителите.

Обвинителите имаат на располагање кривични дела каде што е предвидена затворска казна од над три години, а и можност за гонење до максимални 20 години затвор ако е употребна сила, оружје, предизвикана смрт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе