Вести Спорт

Асенсио сака да ги освои сите трофеи со ПСЖ оваа сезона

Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио зборуваше за целите на тимот до крајот на сезоната. Тој има намера да освои што повеќе трофеи.

– Доаѓа најважниот дел од сезоната, последниот период во Лига 1. Стигнавме до финалето на Купот на Франција. Следува нешто многу убаво во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да освоиме сѐ оваа година. Сакам со ПСЖ да ги подигнам сите трофеи сезонава, изјави Асенсио за „AS“.

По 28 кола во Лига 1, ПСЖ е лидер на табелата со 63 бода.

Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за парижаните во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола и забележа исто толку асистенции

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе