Вести Македонија

Таравари ќе бара гаранции од ЕУ и излегување од „Отворен Балкан“

Избор на претседател на државата во Собранието со двојно гласање, бришење на 20-те проценти од Уставот, официјализирање на албанскиот јазик на исто ниво со македонскиот јазик и затворање на медиумите финансирани од Русија, најавува претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, доколку биде избран за претседател на државата.

При презентирањето на својата платформа рече и дека највисок приоритет ќе му биде интеграцијата во Европската Унија.

Таравари планира и да му предложи на Собранието, Македонија веднаш да излезе од иницијативата „Отворен Балкан“, дејугословенизација на Армијата и на Агенцијата за разузнавање со назначување само на докажани професионалци, вклучително и нивните про-западни вредносни системи, ставање крај на енергетската зависност од Русија, преку олеснување на формулација на државен концепт на енергија.

Ќе побара од Собранието да се донесе законодавен пакет за целосна реформа на судскиот систем и обвинителството, со закон за ветинг на судиите и обвинителите, реформа на изборниот систем, унапредување и дисциплинирање на судиите и јавните обвинители и целосна дигитализација на судовите, а ќе се ангажира и за поништување на измените во Кривичниот законик од минатата година.

Претседателската платформа му се заснова на четири столба – Македонија интегрирана во регионот и Европа, Македонија производител на безбедност, Македонија правна држава и Македонија консензуална демократија.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе